Џафери ја започна седницата на албански, Мицевски му порача дека го крши Уставот

Претседателот на Собранието Талат Џафери заклучно со денешната седница започна да ги води седниците на албански јазик. Оваа можност според Џафери ја има со новиот закон за јазиците кој веќе стапи на сила.

Веднаш откако започна седницата му реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој на Џафери му порача дека со тоа директно се крши Уставот.

-Токму тука побрзавте да го донесете законот за двојазичност со што грубо ги прекршивте законите и Уставот. Денес повторно сме сведоци како во предизборниот период за претседателските избори брзате да го ставите законот за јазици на дело спротивно на законите и Уставот на Република Македонија. Најголем доказ дека законот за јазиците е нефункционален се секојдневните спротиставени изјави на функционерите на СДСМ и ДУИ.

Бараме да ги почитувате законите и Уставот, му порача Мицевски на Џафери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.