Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери кажа дека собраниските служби не си ја вршеле својата должност, па затоа употребил пцовки.

„Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките. Ако некој мисли дека треба работното време да го помине на ул. Македонија, тогаш не му треба на Собранието и на граѓаните“, кажа Џафери.

Претходно спикерот беше пречекан со транспаренти од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа оставка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.