Талат Џафери, во синоќешната емисија „24 Анализа“ децидно кажа дека немал никаква реакција од страна на Зоран Заев за неговото поставување на албанските знамиња во канцеларијата на претседателот на Собранието.
Џафери запрашан дали имал реакција од Зоран Заев за поставувањето на албански знамиња во кабинетот на претседателот на Собаранието, вели дека немал никаква реакција од страна на Зоран Заев.
Очигледно е дека Зоран Заев пред камери ја лажел македонската јавност дека реагирал на таквиот чин на Џафери, а всушност не му реагирал и не барал од него тргање на знамињата на туѓа држава.
-Јас сакам да се почитуваат законите и Уставот во Република Македонија, без разлика дали кршењето на закони или не доаѓа од наш коалиционен партнер, наш опонент политички, секој треба да си има и политичка и правна одговорност, рече Заев, но очигледно ваквите изјави за владеење на правото му се само за пред камери, без да смее истите да му ги каже лично и на Талат Џафери.
Извор: Курир