Џафери до Апасиев: “Кастро, извини, кој заглавил во снего, кој возел со летни, па требало некој да го турка” (Видео)

Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеник, на вчерашната седница обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го злоупотребува процедуралното обраќање.

-По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 5 часот е нема мнозинство. Сите ве чекаме од 3 часот. Срамота е ова да го правите, рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.

Џафери му се обрати на Апасиев и го нарече „Кастро“.

-Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Ги сакаме или не мерките да ги донесеме што се пред нас. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка, му се обрати Џафери на пратеникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.