Синоќа по интернет порталите одекна вест дека македонскиот шоумен Игор Џамбазов бил итно хоспитализиран во болница, што подоцна се покажа дека е лажна вест.
Игор преку видео се јави и порача:
“Морам да ви кажам хејтери дека сум почестен од тоа што во овој напнат ден кога очекуваме некои луѓе да завршат таму каде што некој мисли дека треба да завршат, што се сетивте на мене. Бескрајно ви сум благодарен, а со мојата умирачка, за таа работа ќе почекате малку. Македонијо прибери се!”