Наједноставниот рецепт за крофни, со сигурност ќе бидат превкусни.
Состојки:
Половина килограм брашно, 250 мл млеко, кесичка сув квасец, лажица шеќер, 1 јајце, малку сол, масло, шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во сад сипете брашно, квасец, шеќер и сол и измешајте. Потоа додајте јајце, млеко (загрејте го да не биде ладно) и додајте го во брашното додека да добиете соединето тесто.
Покријте го тестото со крпа и оставете го да нарасне околу 1 час. Потоа, ставете го брашното на работна површина и развлечете го да биде со големина како еден прст.
Со чаша направете кругови во тестото, покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат околу 15 минути. Потоа, свртете ги на другата страна и оставете ги уште 10-15 минути.
Во тава загрејте поголема количина масло. Пржете ги додека да добијат златеста боја. Откако малку ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и уживајте.