ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛИ? Денеска е светски позната и една од најубавите жени, но не може да се спореди со фотографијата

Се работи за познатата холивудска актерка Џулија Робертс, една од најубавите жени во Холивуд. Така барем тврди познатиот магазин “People”, кој секоја година објавува листа на најубави жени и најубави мажи во светот.

Титулата списанието и ја додели минатата година, а Џулија на тоа рече дека е премногу поласкана.

Глумицата е инаку амбасадор на брендот за убавина “Lancôme”. “Ќе почнам полека да стареам, но засега, само продолжете со ласкање”. Џулија Робертс имала само 23 години кога прв пат се појавила на насловната страна на “World’s Most Beautiful” во 1991 година.

Глумицата на истата насловна страна се појавила уште во 2000, 2005 и 2010 година, но повеќе пати признала дека во младоста патела од недостиг на самодоверба.

Денеска, na 50-годишна возраст, Џулија Робертс изгледа подобро отколку било кога. Пред еден месец таа си направи и Инстаграм профил и го поздрави онлајн светот.

Hello☀️

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.