Ќе фpчат кpивични во РЕК Битола, директорот peкетиpaл фиpма?

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на Битола. Тој од таму во изјава за медиумите вели дека сегашниот директор на ЕСМ истовремено и висок функционер на СДСМ ќе заработи kpивична приjaва поради peкетиpaње на фирма за ископ во РЕК Битола.

“Денес бев во работна посета на Битола. Во рамки на изјавата за медиумите ја информирав јавноста за постапувањето на Одделот за организиран kpиминал по приjaва која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.

Согласно приjaвата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран kpиминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување и документирање на случајот”, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.