Ќе стасаме до над 500 евpa просечна плата, вели новиот лидep на CДCM Ковачевски

Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани, рече во интервју за МИА претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нас ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати“ вели Ковачевски.

Со ваков начин на работа Ковачевски очекува раст на економијата, повисоки плати и пензии и намалување на невработеноста на најниско ниво досега.

„Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6% до 5,9% годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата на биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка.

Новата Влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.“ вели Ковачевски за МИА.

Што се однесува до даночната политика, Ковачевски потенцира дека таа ќе остане иста со задржување на сегашните даночни и социјални придонеси но најавува промени за зголемување на приходите преку директно намалување на сивата економија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.