Ќе се степаат кој е позаслужен: За Бектеши новиот минималец од 18.000 е заслyга на Д У И и министерот Бесими

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 72 илјади работници земаат минимална плата од 15.200 денари.

„Мнималната плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот“, истакна Бектеши.

Бектеши напомена и дека заслуга за оваа мерка има министерот за финансии Фатмир Бесими и ДУИ како политичка партија, затоа што ова ветување е од предизборната програма на ДУИ, а се реализира сега од Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.