Уредот совршено ги имитира движењата и отчукувањата на срцето.
Научниците од Универзитетот Харвард направија робот кој му овозможува на срцето да чука бесконечно, дури и кога биолошки ќе престане да работи.
Роботот изгледа како кеса со цевки во која се поставува срцето.
Уредот совршено ги имитира движењата и отчукувањата на срцето, па на тој начин ја заменува вистинската работа на органот.
Инаку, роботот бил тестиран на срцата на свињи кои имале проблем со аритмија. Притоа, изумот на научниците од Харвард успешно го решил проблемот и овозможил срцето нормално да ја испумпува крвта низ организмот.
Засега, технологијата е во рана фаза на развој.
Во продолжение погледнете го видеото.