Ќе се осветува црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон„

_MG_8139

В недела, прилепчани ќе присуствуваат на осветувањето на уште еден божји храм, црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“, во кругот на болницата.

„Ова е трета црква која се осветува во Прилеп кои се изградени во поседните неколку години„ – вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ги поканува сите верници да присуствуваат на овој несекојдневен чин, осветување на црква.

_MG_8138

Чинот на осветувањето ќе започне во 7,00 часот, а со него ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски, г.Петар, во сослужение со прилепското архиерејско намесништво. Осветувањето на црква е посебен и значаен чин затоа е пожелно верниците да се запознаат со него, „Оти црква еднаш се осветува“ вели архиерејскиот намесник, протојереј, Благоја Станкоски.

_MG_8138

Од иницијативата, до спроведувањето на активностите за градба и уредување на црквата св.Пантелејмон во кругот на болницата изминаа четири години и денес таа е наша света гордост велат од Иницијативниот одбор за изградба на овој храм.

Темелите на црковниот храм „Св.Великомаченик Пантелејмон“, во кругот на прилепската болница беа поставени на 19-ти април 2012 година. Идејата за нејзина изградба беше втемелена уште пред четири години, во деталниот и генералниот урбанистичка план на општината, по барање на верниците. Црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и лекарите.

_MG_8148

_MG_8145




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.