Ќе се менува системот во фудбалската Лига на шампиони

wip_070815_ucl2015_logo_sting3486425020160324204118Многу е извесно, веќе од сезоната 2018-19 форматот на Лигата на шампиони да биде поинаков

Доста во последниве неколку месеци се споменуваше можноста да се организира Суперлига на Европа каде најдобрите клубови би играле лигашко натпреварување, а сега по прв пат се споменува и промена на форматот на Лигата на шампиони.

Наводно, веќе од 2018 година можно е да се случи Лигата на шампиони ќе се скрати на 16 клубови. Целта е исклучување на клубовите кои не се толку квалитетни веќе во раната фаза, во квалификациите, како и повеќе мечеви во кои ќе има голема неизвесност. Да видиме меѓу редови, и повеќе пари.

Промената ќе биде обелоденета веќе во септември оваа година, а ќе биде имплементирана во сезоната 2018-19.

Оваа трансформација на Лигата на шампиони со само 16 клубови подразбира дека ќе има уште една квалификациона рунда за влез во тоа натпреварување, со самото тоа и потежок пат кон елитата на Европа за помалите клубови.

Сеуште не е донесена конечна одлука, но од УЕФА истакнуваат дека се во преговори со клубовите и постојан контакт со нив, но и останатите интересни групи, како што се спонзорите и дека тие одат во позитивна насока.

Ова би можело да значи и чекор поблиску кон споменатата Суперлига на Европа во која би се играло лигашко натпреварување помеѓу најреномираните клубови од стариот континент.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.