Ќе му ги покажам нашите видеа и фотографии на маж ти: Полицаец уценувал жена откако таа одбила да ја продолжи врската со него

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во Полициската станица Тетово, жена од тетовско, пријавила дека била уценувана и физички нападната од лицето Ф.А. – полициски службеник во Полициското одделение Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.

Според пријавата, жената ја прекинала врската со Ф.А. пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него. Пред една недела, додека жената била во угостителски објект, дошол Ф.А. и и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзииот сопруг дека му била љубовница.

На 13.10.2018 година околу 12.50 часот, додека жената била на работа, дошол Ф.А. и физички ја нападнал. За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.