Од позиција на мандатар Зоран Заев денеска најави носење на нов Закон за пензионирање.
Според Заев, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж.
Сепак, првичните информации се дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж и тоа доколку осигуреникот се согласи пензијата да му биде помала.
Ова го имама затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност…- изјави Заев.