Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 23 степени.
Според прогнозата на УХМР, времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.
-Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.