Ќе има ли втора тура пакети? Што откако ќе снема од “сдсмовското” масло, брашно и компири?

Изминаа речиси две недели откако СДСМ Прилеп ги подели пакетите со храна до семејства кои како што објавија од партијата се социјално загрозени.

Од партијата на почетокот од акцијата објавија дека се работи за 1.000 пакети со брашно, комири, масло, салами…, а во делењето на пакетите беа вклучени и партиските функционери, меѓу кои и кандидатите за пратеници.

Aкацијата помина, но што сега, што понатаму со овие наши сограѓани од кои дел и пред корона кризата едвај крпеа крај со крај?

Што со овие граѓани кои и претходно едвај го поминуваа месецот? Имаат ли “план” од СДСМ како трајно да им обезбедат подобар живот на овие семејства, или целта беше само да се соберат политички поени за време на еден ваков чувствителен период?

Секоја помош е добредојдена за овие семејства, но брашното и компирите ќе се потрошат, а нивниот живот и понатаму продолжува онаков каков што бил…

Крајно време е во Македонија да се престане со фотографирање и снимање… Државата треба да биде мајка на сите!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.