Продорот од југ кој што го најавивме во текот на следниот период ќе услови да имаме натпросечно високи температури кои ќе бидат релативно летни и во текот на следните денови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, вели во временската анализа најпознатиот македонски метеоролог Славчо Поповски.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека локално ќе има и позначителна облачност, а има услови и за слаб локален дожд. Ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер, претежно од променлив правец.
За време на викендот и тоа особено во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи.
Со овој топол продор од југ и понатаму ќе продолжи летото во октомври, исто така и најновите анализи укажуваат на тоа дека првата половина на овој месец ќе биде релативно летна и доста топла со релативно натпросечно високи температури за овој дел од годината.
Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 3 и 5.