Крушево ќе добие средства од буџетот на државата за уредување на вечното почивалиште на музичката мега ѕвзда, Тоше Проески, кој трагично загина во 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. За преуредувње на вечното почивалиште на Тоше Проески државата ќе издвои 10 милиони денари.
Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.