Ќе гpми цела Пелагонија: 36-та Петровденска иселеничка средба во преубавиот црковен храм Св. Тодор во Долно Српци

Утре на Петровден највесело како и секоја година ќе биде во Црковниот Храм на Св. Тодор – во битолско Долно Српци.

Ќе се одржи триесет и шестата Петровденска иселеничка средба, манифестација на која секоја година доаѓаат голем број гости.

Оваа година гостите ќе ги забавуваат еден од најдобрите пејачи во Македонија, Спасен Силјаноски и оркестар “Фаворити”.

Дворот на прекрасниот црковен храм и оваа година ќе биде претесен. Ќе се пејат македонски песни, ќе се игра оро…

За тие што не знаат Долно Српци се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е сместено на десниот брег на реката Црна Река и се наоѓа на надморска височина од 640 метри.

Од Битола селото е оддалечено 21 км. Црквата Св. Теодор Тирон е главната селска црква, која изобилува со посеба убавина и раскош.

Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.

Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година. Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација. Денеска црквата е одново возобновена и има бела фасада, наместо розева како пред ударот од гром.

Еве како беше минатата година:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.