Ќе граделе базен и градинка, а проектот не се гледа? Важно градоначалникот и општината поставија табла со “СРМ”?

Eдно од големите ветувања во предизборието на актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, беше изградбата на здравствено-рекреативен центар со покриен базен, кој требаше да се реализира во спортската сала “Mакедонија”.

Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Досега немаше ниту проект, ниту започнување на работите.

Денеска од општината на својата веб страна објавија дека започнувале припремните активности за изградба на детска градинка и затворен базен.

На локацијата каде наводно ќе се гради, поставена е табла со известување до граѓаните да не отпочнуваат со земјоделски работи, на парцелата која е во сопственост на “СРМ”.

Oбјавата кратко потоа поради непознати причини беше отстранета од веб страната на општината.

Општината и градоначалникот сеуште немаат објавено како ќе изгледа проектот, колку време ќе траат градежните активности и колкава ќе биде неговата вредност.

Важно табла со “СРM” е поставена, а на Јованоски му преостанува година и пол од мандатот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.