“Ќе го заштитиме името со потпишувње на Клаузула за непроменливост!”

Професорката Гордана Силјановска Давкова ја започна претседателската трка од Охрид.

На големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ професорката најави зачувување на името со потпишување на Клаузула за непроменливост.

“Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое, но ќе го почитувам Уставот и законите. Ќе водам економска дипломатија, културна дипломатија, спортска дипломатија кои се помоќни од традиционланата дипломатија. Но, за ова се потребни квалитетни, компетентни луѓе.

Оние кои нема да ја претставуваат Македонија на вистински начин, ќе ги отповикам.

Ќе го користам ветото секогаш кога се работи за неуставни закони и секогаш ќе ги аргументирам моите ставови. Ако не ги почитувааат ќе се обратам пред Собранието. За да докажам дека никој не е над Уставот.

Наместо еднаш ќе се обраќам постојано пред пратениците, за да адресирам горливи прашања. За егзодусот на младите, лекарите, заштита на човековата средина. Заштита на средината е безбедносно прашање.

Судиите во Уставниот суд кои имам право да ги предлагам, членовите на Советот за безбедност со кој ќе претседавам, ќе бидат олицетворение на знаење и компетентност. Само така Македонија ќе се европеизира.
Во надворешната политика и во одбраната, ќе водам сметка за заедничката надлежност. Консензусот е тогаш потребен и нужен, но доколку моите стратегии не наидат на прифаќање, ќе го информирам Собранието и граѓаните.

Јас не ги учам само студентите. Учам од нив. Јас не ве учам овде. Јас сум вашиот ученик.
Моите порти ќе бидат отворени за народот. Мојот легитимитет извира од граѓаните а не обратно”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.