Ќе ве освојат: Новиот бенд “Реприза” има одличен летен хит со силна порака (Видео)

Три млади момчиња од Ресен полни со ентузијазам, прогресивна мисла, висока свест и изоштрен сенс за квалитетна музика под името “Реприза”, решија да се претстават пред македонската јавност со својата прва песна ,,Засукај ракави” и со силен печат да дадат смисла за своето музичко постоење.

Мартин, Кико и Борче допреа до сржта на една многу важна тема, која нѐ засега сите нас и со музика која вози во лабав летен вајб и текст кој инспирира и поттикнува позитивни промени, се наметнуваат како вистински кул момци кои се пример за младата генерација.

Како што тие самите ќе кажат “Ние ја имаме таа привилегија да живееме во прекрасни услови за живот, а сепак за разлика од сите живи суштества сме единствените кои не се грижат за околината во која живееме. Како бенд решивме да ви отсвириме неколку стихови кои можеби ќе не поттикнат сите заедно да „Засукаме ракави“ и да придонесеме за подигање на свеста за подобрување на условите во кои живееме.”

Иако дебитантска песна, решија да не остават ништо на случајност и избраа соработници од врвен калибар: Бојан Трајковски (Ај Кју) им го изработи аранжманот, песната ја снимија во студио “Подрумот” – Ангел Ќосев, а спотот, кој е снимен во прекрасниот преспански регион од каде доаѓаат, го изработи Дарио Јанковиќ.

Песната и спотот можете да ги погледнете на следниов линк:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.