Никола и Талиа Василови, или дуото “Танини”, се брат и сестра од Кавадарци кои неодамна направија прекрасна преработка на песната “Заветна” од Пепи Бафтировски.
Иако е уште мала, Талиа има врвен глас, а нејзиниот брат ја придружува со кларинет.
Спотот за преработката на песната е сниман во Националниот парк Пелистер, Националниот парк Галичица и куќата на цвеќето во Волкодери, ресенско, a истата е посветена на 29-годишнината од независноста на Република Македонија.
Слушнете ги, дечките се вистинско уживање за срце и душа, а кореографијата дополнително ќе ве восхити.