Ќе биде јака журка: “Тhe Hounds” го најавија својот 11-ти роденден – повторно ќе скока цела чаршија (ВИДЕО)

Фото/Tone Bandits

Mузичката група “Тhe Hounds” го најави својот единаесетти роденден. Журката за 11 години постоење на музичкиот бенд од Прилеп ќе се одржи на 14.08. (среда) во срцето на чаршијата, спроти ‘Jazz Club Take Five’.

Минатата година дечките прославија јубилеј од 10 години постоење, а атмосферата беше повеќе од одлична. Скокаше и ечеше целата чаршија, а ништо поинаку нема да биде и оваа година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.