Ќе биде вечер за уживање! Битолскиот Камерен Оркестар доаѓа во Прилеп

Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect, на 26.09. со почеток од 20ч., во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе настапи со самостоен концерт во Центарот за култура и тоа со најпопуларниот проект до денес – MTV The Greatest Hits 80s & 90s.

Публиката во големата сала ќе има ретка можност да ужива во незаборавните хитови од златната доба на музиката, во нови аранжмани, со врвни вокали и бенд, придружени од моќниот звук на оркестарот.!

Влезниците за концертот по цена од 400 денари ќе започнат да се продаваат од вторник 9.09., секој работен ден, на билетарницата од Центарот од 10 до 12.00 часот.

Бидете заедно со Центарот и со Битолскиот камерен оркестар, кој првпат настапува во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.