“Проценката на стручните лица дека се овие подметнати пожари. Јас се надевам дека од овој момент сите институции надлежни кои што се за контрола на дрвокрадците и се она што се случува пожари подметнати ќе бидат поактивни”, ова го изјави градоначалникот Илија Јованоски пред камерите на медиумите.
Според изјавата градоначалникот очигледно очекува многу повеќе од надлежните служби во откривањето на сторителите, односно тој очекува поголемо ангажирање на службите за прогон, МВР и полициската станица во Прилеп.
Ако се знае дека командирот на полициската станица го именува Советот на општината по предлог токму на градоначалникот, Јованоски очекува поголемо ангажирање од него во пронаоѓањето на сторителите и нивно изведување пред очите на правдата.
Се поставува прашањето дали Јованоски не е задоволен од досегашната работа на службите и дали ќе бара одговорност и оставки?
Со оглед на тоа дека изминативе 10-тина дена на територијата на општина Прилеп имаше повеќе активни пожари, и тоа како барањето на одговорност и оставки е првото нешто што треба да му падне на памет.
За потсетување пожари имаше кај планинскиот превој Плетвар, во мариовско Подмол, кај манастирот Св. Преображение во Зрзе и најновиот во околината на манастирот Св. Димитрија кај Селце.
Во сите овие пожари беше зафатена огромна површина, а загрозени беа два манастири, како и едно село.