Прилеп вечерва одново беше обоен во боите на македонското сонце. Илјадници прилепчани речиси цел месец, секој ден, го креваат гласот против албанската платформа и барањата истакнати во неа, со кои се понижува македонскиот народ.
Пред прилепчани, вечерва говореше ќерката на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов – Ченто.
На моменти со длабока емоција и вознемиреност, Марија Јакимоска упати моќни пораки до присутните и до сите Македонци.
А.Г.