Ќерката на Заев објави фотографија од Германија: Додека Заеви уживаат на скијање, граѓаните на Северна се гушат!

Додека Заев заедно со неговото семејство ужива во зимскиот одмор во елитното туристичко место во Германија, Гармиш Партенкирхен македонските граѓани се гушат поради енормното аерозагадување во Македонија. Ќерката на премиерот, Александра Заева на својот инстаграм објави прекрасна фотографија од зимската идила која таму владее, а ние ќе објавиме фотографија од моменталната состојба на воздухот во родната Струмица на Заев.

Целата јавност е збунета како сите оние министри и градоначалници од редовите на СДСМ не превземаат во борбата против енормното загадување на воздухот. Граѓаните коментираат како не им е јасно што истиот воздух го дишат и децата на сите владини и државни функционери, го дишат децата на сите оние кои не превзимаат ништо против загадувањето. Сепак одговорот зошти ним не ги интересира загадувањето е едноставен, не ги интересриа бидејќи нивните деца не го дишат истиот воздух, децата на државните и партиските функционери на СДСМ поголемиот дел од годината се по одмори и скијање на Аплите каде дишат чист планински воздух, а останатите граѓани се гушат!

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.