ЉУБОВНИТЕ СОВЕТИ НА КАЗАНОВА: Жените се боженствени суштества, но брзо се’ им станува здодевно

Трчањето по жените е забавно, но не треба да биде основна и единствена цел во животот…

Џакомо Казанова е еден од најголемите љубовници на сите времиња. Со тоа, бил и коцкар, пејач и мечувач. Оставил зад себе и незавршени мемоари, во кои забележал многу свои љубовни подвизи. Дури и калуѓерките не биле имуни на неговиот шарм. Ова се неговите совети како да заведете жена, па вие проверете дали нешто ќе запали.

Зборувајте нешто интересно

Зборувањето било дар на Казанова и негова најголема тајна. Имал неверојатна моќ да привлече внимание кај жените и да им го земе умот. Кога ќе ја совладате оваа вештина, вашите убави зборови ќе и одѕвонуваат во главата и ќе ви стане наклонета побрзо отколку било како.

Живеете како што сакате

Трчањето по жените е забавно, но тоа не треба да биде и основна цел во животот. Ако водите содржаен и живописен живот, жените ќе бидат природно привлечни кон вас. Тие ќе забележат дека сте различни од останатите мажи и ќе сакаат да бидат дел од вашиот интересен свет.

Направете ја секоја жена посебна

Жените сакаат романса и да се чувствуваат единствено. Не ја третирајте секоја жена исто, туку онака како што би требало, а треба да се чувствува посебно. Тоа подразбира внимание и грижа за нејзините емоции, а не опсипување со скапи подароци. Накратко, бидете џентлмен.

Спонтаноста е предизвик

Жените се боженствени суштества, но брзо се’ им станува здодевно. Бараат авантура, затоа бидете спонтани, тоа е единствениот начин да ги заведете. Ако личите на друите мажи во секој поглед, која жена тоа ќе ја интересира? Поведете ја во авантура, која воопшто не мора да биде скапа.

Занимавајте се со неа

Дадете и комплимент за изгледот, тоа е лесно и убаво. Ако жената е убава, тоа го слушнала многу пати. Затоа е важно да ја сослушате, да почувствува дека сте заинтересирани. Што сака таа? Поради што се смее? Така најбрзо и најдобро ќе се поврзете.

Kaзанова бил голем љубител на фермонот и афродизијакот. Затоа ја парфимирал својата соба со цветни мириси, бидејќи верувал дека тоа го зголемува сексуалниот апетит. Ништо нема да ве кошта да се обидете. Шампањот и остригите се познати по своите афродизијачки својства и потсвесно ја приморуваат жената да биде отворена за секс. 

Трпение, трпение, трпение…

Бидете штедливи на зборови, речете и на жената она што треба да чуе и чекајте ја нејзината реакција. Не смее да биде непријатно, вие морате длабоко да ја привлечете, а за тоа е потребно време.

Убави подароци

Не им купувајте на жените работи затоа што мислите дека поради нив ќе ве засакаат. Поклонете и нешто што ќе ја излуди, покажете дека се грижите за неа и нешто што ќе ја насмее. Секси долен веш спаѓа во оваа група на подароци.

Бидете разиграни

Ниту животот, ниту жените не треба да ги гледате премногу озбилно. Играјте со нив. Сексот е игра за возрасни и затоа храната, пијалокот и се останато што сакате, сметајте го како пат кон секс. Предиграта е игра која започнува од моментот кога сте ја запознале жената. Користете ја за да ги свртите работите во своја корист и за нејзино задоволство.

Не откривајте ги сите карти

Казанова бил коцкар. Знаел дека мора да биде непредвидлив во заводничките игри, исто како и на столот за покер. Не откривајте ја својата игра и оставете жената да размислува за вашиот следен потег. Тоа ќе ја излуди, затоа што жените сакаат за замислуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.