Љубовна приказна која ги скрши сите предрасуди и го обиколи целиот Балкан: Овој брачен пар ќе ве воодушеви

Елизабет Хргиќ е девојката која на својот Фејсбук профил ја сподели приказната за вистинска љубов, а за кратко нивната љубовна бајка го обиколи регионот.

Таа под една од свадбените фотографии кои ги сподели на Фејсбук напиша дека љубовта ги руши границите, бариерите, предрасудите, гордост, а за кратко фотографијата со моќна порака стана вирален хит.

Инаку Елизабет Хргиќ годинава се омажи со својот партнер Инаса Дагоја, во Травник а со нивната свадба докажаа дека вистинската љубов неможе ништо да ја сруши

Свадбената фотографија на Елизабет Хргиќ и Инаса Дагоја, која собра огромен број лајкови, е направена пред училишната зграда во Травник кај католичкиот училишен центар „Петар Барбариќ” во кој одела Елизабет и мешаното училиште „Травник” во кое одел Инас.

Двете институции се поделени со жица, а Елизабет под фотографијата објави емотивен текст.

Ние двајца. Секој пред своето училиште. во еден двор, поделени на два света. Во еден двор преграден со ограда, за која нас не убедуваа дека тие од другата страна на оградата се поинакви, различни, злобни. Ние како мали можеби и верувавме во тоа. Но што значи нивната жица, едно парче арматура, но што може тоа да стори на една преголема љубов?! Љубовта која ги руши сите граници, бариери, предрасуди и гордост…

Радувај се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, дека не е важно дали сме црни или бели, дали се крстиме или се клањаме. Учете ги децата да бидат добри луѓе, кои нема да веруваат дека оградата е заштита, и дека и од другата страна растат добри, талентирани, духовити и деца полни со љубов. Нека вашата смисла на животот биде љубов, пишува меѓудругото Елизабет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.