Љубица работи како чистачка во болница, а со својот танц секојдневно шири радост помеѓу пациентите (ВИДЕО)

Чистачката Љубица Симиќ стана вистинска интернет ѕвезда. Таа веќе со години работи во Вестменд болницата во Сиднеј во Австралија, а нејзините танцови движења станаа сензација.

Освен што е вреден работник, таа се труди да со својот танц ги развесели пациентите. Често успева да ги натера да заиграат со неа, па за кратко им ги оттргнува мислите од болеста.

Љубица стана позната кога заигра салса со тешко болен пациент.

Таа истакнала дека и претставува големо задоволство да им помага на пациентите.

“Мојата мајка имаше рак на дојката, па знам како изгледа кога некој е загрижен за своето здравје”, вели таа.

Eмисијата “Тоday Show” направи сторија за неа, а сите се сложиле дека оваа жена со својот танц за терапија шири среќа кај пациентите.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.