Љубица е супер-бабичка: “Стара сум но сакам да живеам”- има 95 години, цепи дрва, коси трева и свири на усна хармоника

“Внуците често ми викаат да потрчам со нив, да проверат дали навистина можам или се шегувам. Кога ќе фатам спринт, не можат да веруваат”.

Иако наполни 95 лета, Љубица Николиќ од село Горни Бањани, Србија, се чувствува како да е половина век помлада.

Оваа старица живее сама, ги извршува сите домашни работи, но работи и надвор од куќата. Таа не се жали доколку треба да наполни вода од бунарот или да го искоси патот кој води до нејзината трошна куќарка.

“Сеуште можам се сама да искосам, да цепам дрва, но и да исчистам ако треба. Знам дека некои мои врсници не можат да станат од кревет, но јас од секогаш бев активна и не се предавав. Внуците често ме викаат да потрчам со нив, да се уверат дали навистина можам или само се шегувам. Кога ќе фатам спринт, не можат да веруваат”, раскажува оваа супер-бабичка.

Без сопругот останала пред 30 години. Во слободно време свири усна хармоника и пишува песни. Од нејзината куќа често се слушаат убавите звуци. Таа знае да се пошегува и на своја сметка и на сметка на нејзините години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.