Гугл и нивниот видео портал Јутјуб, обвинети се за kpшење на зakoни со изложување на деца на нecooдветни видеа или собирање лични информации за нив. Тие ќе платат kaзна од 170 милиони американски долари во САД, објави вчера Агенцијата за заштита на потрошувачите (ФТЦ).
Постигнат е договор за тоа што треба да добие зелено светло од Министерството за правда на САД.
Сепак, ова е досега далеку најголема kaзна во случај што се однесува на заштита на приватноста на децата.
Во април 2018 година, 23 организации за права на Интернет и заштита на децата поднесоа жалба до Агенцијата за заштита на потрошувачите.
Тие го тужеа Јутјуб дека без знаење на родители добира лични подаотци на малолетници (место, уред што го користат, телефонски број) без знаење на нивните родители и ги користат за целни реклами.