“Јутјуб” воведува новина: Овој потег ќе ви се допадне

Јутјуб неодамна почна да објавува познати холивудски филмови, кои корисниците може да ги гледаат бесплатно.

Иако изборот на филмови, во чие прикажување ќе се емитуваат и реклами, не е голем меѓу нив може да се најдат безвременските холивудски блокбастери, како што се „Роки“ и „Терминатор“, но и голем број комедии.

Корисниците на најголемиот сајт за дистрибуција на видео содржини, до сега имаа можност да купат или да изнајмат филмови во дигитален формат преку услугите на Google Play Movies & TV, а така купените филмови се појавуваат и на ЈуТјуб доколку корисникот кон двете услуги пристапува од ист налог.

Сега видео сервисот почна да додава филмови кои може да се гледаат бесплатно. Бесплатните филмови содржат реклами преку кои се финансира оваа услуга, пишува The Verge.

Меѓутоа, корисниците на овој начин нема да бидат во можност да ги гледаат најновите холивудски филмови, туку познататите стари филмски хитови.

Новата услуга е достапна од крајот на октомври засега само за корисниците во САД. Се очекува наскоро да може до неа да имаат пристап сите корисници во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.