Јункер одново го насмеа светот: Среде говор направи нешто што никој не го очекуваше (Видео)

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги насмеа сите кога среде говорот на самитот ЕУ и Арапската лига, кој денеска се одржа во Египет, одлучи да се јави на телефон.

Мобилниот му заѕвони три пати, а Јункер се одлучи на кусо да го прекине говорот и да и се јави.

На присутните новинари им кажа дека добил повик од „вообичаениот сторител“, односно неговата сопруга, при што предизвика смеа во публиката.

Потоа продолжи со својот говор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.