Јулијана Талеска од Прилеп, избрана за најдобар наставник на деца со посебни образовни потреби (ФОТО)

Општина Прилеп беше домаќин на втората по ред јавна дебата: Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование. Присутните на почетокот ги поздрави г.Борче Јовчески, Градоначалник на Прилеп, кој накратко ги изложи заложбите кои локалната самоуправа ги прави во делот на квалитетно образование за секое дете.

Претставници од локални самоуправи, проектни училишта, основни училишта, центри за поддршка на учењето, како и родители од Прилеп, Велес и Битола диксутираа за промените кои проектот Инклузија на деца со ПОП ги прави преку иницијативите и активностите што ги спроведува. Исто така се дискутираше и за предизвиците и мерките кои треба да се спроведат за да се осигура подобра средина за учење, развој и поддршка на децата со ПОП.

И на оваа јавна дебата беа доделени признанија за најуспешните инклузивни практики на ниво на:

• локална самоуправа – добитник е општина Битола;
• проектно училиште – добитник е училиштето Васил Главинов од Велес;
• наставник – добитник е наставничката Јулијана Талеска од основното училиште Климент Охридски од Прилеп, и
• одделение – добитник е IIа одделение, на наставничката Емилија Николовска Спировски, од основното училиште Елпида Караманди од Битола.

Оваа јавна дебата е дел од проектот Инклузија на деца со ПОП, што го спроведува Отворете ги прозорците, со поддршка од Детската фондација Песталоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.