Дербито кое ја красеше Италија не така одамна, се претвори во рутина за тимот од Торино. Синоќешната утакмица меѓу Милан и Јувентус, заврши со резултат 1-2 во корист на Јуве.
Иако Миланезите го презедоја водството на почетокот со голот на Алекс, при нафрлање од корнер, Јуве на полувремето изедначи со гол на Марио Манџукич, а во продолжението Пол Погба донесе нови 3 бода за скоро, па обезбедено 5-то последователно Скудето за Јувентус.
Тимот од Торино од 22 меча, забележа 21 победа и еден нерешен резултат.
Сега предноста на Јувентус на табелата е 9 бодови пред второпласираниот Наполи, кој има и меч помалку против фенерџиите Верона, што ќе го одигра денес на домашен терен.
А.Г.