Јувентус преку зимскиот прелазен рок ги доведе најталентираните италијански млади играчи, а медиумите на Апенинскиот Полуостров пишуваат дека клубот од Торино в лето ќе се обиде да доведе уште 2 врвни играчи во своите редови.
Доаѓањето на овие двајца играчи не е поврзано со заминувањето на Погба, кој ќе биде пуштен само за понуда над 100 милиони евра.
Наводно Јуве нема многу да купува, можно е заминување на Мората, кој би се вратил во Реал Мадрид и тоа ако црно белите успеат да го доведат Кавани од ПСЖ. Уругваецот е прва мета, додека исто така ќе се обидат да го доведат и Марио Геце од Баерн.
Со овие двајца светски асови ќе заврши приказната во офанзивата, доаѓа и Берарди, а што се однесува до одбраната, тука нема да има големи промени. Ако замине Касерес, мета е Вршаљко од Сасуоло, на Барзаљи и Евра ќе им биде понуден нов договор, а наредната година поголем простор во одбраната ќе добива и младиот Ругани.
Клубот одлично работи на маркетот, спремни се да потрошат нови 100 милиони на засилувања, како што пишува Тутаспорт, а со тоа и да направат нов чекор во доминацијата во италијанскиот и европскиот фудбал