Јувентус го совлада Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Италијанскиот куп, и повеќе од сигурно е на прагот од финалето. Во натпреварот кој се одигра на Јувентус Стадион во Торино, Интер беше надигран во секој дел од теренот. Јувентус покажува доминантност и во ова натпреварување и покажува дека одбраната и на оваа титула е приоритет за шампионот на Италија. Стрелци на головите беа Алваро Мората во два наврати, и златното момче Паоло Дибала со неверојатен гол помеѓу нозете на Ханданович од 17метри.
Во другото полуфинале се сретнаја екипите на третолигашот Алесандрија и Милан, каде Милан обезбеди минимално водство од 1:0 пред реванш натпреварот во Милано.
Aлександар Георгиоски