Јувентус пред пропаст? Полицијата упадна во просториите на клубот

Во рамките на акцијата Призма, финансиската полиција во Италија упадна во просториите на Јувентус и ги прочешла сите финансиски книги на торинскиот клуб.

Полицијата ги заплени сите хартии поврзани со трансфери, а под лупа беше онаа на Кристијано Роналдо.

Наводно, челниците на Јувентус свесно избегнале законски обврски кон државата при доведувањето на португалската „суперѕвезда“, а тоа го направиле во уште 62 трансфери.

Меѓу осомничените се првиот човек на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи…

Доколку бидат прогласени за виновни, водечките луѓе би можеле да завршат во затвор, а Јувентус би можел да биде казнет со одземање бодови и да западне во огромна криза.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.