Јувентус го продаде супер талентираното момче: Заминува во редовите на “карамелите” за 30 милиони евра

Младиот и талентиран напаѓач на Јувентус, Моизе Кин, кариерата ќе ја продолжи во Евертон. Лекарските прегледи ќе се извршат во наредните 48 часа, а “карамелите” ќе платат обештетување во висина од 30 милиони евра, плус додатни бонуси.

Агент на овој фудбалер е Мино Раиола. Италијанските медиуми пишуваат дека 19-годишникот ќе заработува 3 милиони евра годишно.

Јувентус во преговорите побарал вклучување на клаузула за можно повторно купување на овој игра, но засега не е познато дали таква ставка е вклучена во договорот.

Кин минатата сезона одигра 661 минута во црно-белиот дрес, а во сите натпреварувања постигна 7 погодоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.