Пехарот и дипломата од неделникот “Зенит”, за најдобриот спортист во Прилеп за 2019 година, се во рацете на Ѓоко Јочкоски, пингпонгар на “Младост”.
Тој е играч чии победи во тиесетгодишната кариера му се нешто вообичаено, секојдневие, а поразите настан – затоа што многу ретко му се случуваат.
Изборот е врз основа на постигнатото минатата година – “злато” во двојки, “сребро”, поединечно на Државното и “сребро” со клубот во Супер лигата.
На ранг листата од пингпонгарите во државата е секогаш при врвот. Пролетва со Младост ќе го брани есенското лидерско место од Супер лигата и ќе оди кон освојување на четвртата титула.
Ова беше 12-от избор на неделниот весник “Зенит”.