Ексклузивно за ТВ Нова, министерот за одбрана Зоран Јолевски најави голема инвестиција во земјава – ќе се гради фабрика за производство на оружје и муниција за потребите на земјите членки на НАТО алијансата.
„Фабриката ќе започне со работа во јули следната година. Во првата фаза од работењето ќе се произведува муниција, а неколку месеци подоцна и повеќе видови на оружје. Оваа фабрика ќе биде направена целосно според стандардите на НАТО“, истакна Јолевски.
Првиот човек на одбраната во земјава додаде дека со ова Македонија ќе стане моќен производител на оружје.
„Се работи за американски инвеститор. Мошне значајно е да се напомене дека производството од фабриката ќе биде наменето целосно за извоз во земјите членки на НАТО алијансата“, соопшти Јолевски и додаде дека инвеститорот понатаму ќе инвестира и во други видови производство во Република Македонија.