Изминатиот викенд во Прилеп се одржа фестивалот на скарата и пивото, кој оваа година беше насловен како PRILEP BEER WEEKEND. Градоначалникот Борче Јовчески вели дека фестивалот бил успешен.
-Можеби со многу скептицизам и неверување, но, сепак Прилеп, заедно со организаторите покажаа и докажаа дека знаат да приредат добра програма, одлична забава, секогаш вкусна скара и многу ладно пиво.А, сите гости и посетители со својата позитивна енергија, одговорија дека ваков Фестивал во Прилеп секогаш е добредојден и посакуван па макар и на крајот од летниот период.Фактите говорат дека трите дена од 1-3 септември, Фестивалот помина во најдобар ред без никакви инциденти, задоволни учесници, задоволни посетители, многу испијано пиво и изедена скара. Во името на Општина Прилеп изразувам огромна благодарност до сите што учествуваа, до сите кои што го посетија и до сите што помогнаа и придонесоа Прилеп да биде епицентар на одличната забава – напиша Јовчески на Фејсбук.