Јовчески: Продолжуваат заканите кон мене и моето семејство, во недела заедно со моите сограѓани ќе ве поразиме (Видео)

Ви благодарам од срце за поддршката која вчера вечер ми ја дадовте мене и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на големиот народен митинг. Вчера вечер сите заедно покажавме дека во Прилеп после 17-ти Октомври ќе се случат промени и Прилеп конечно ќе почне да се развива и гради онака како што му доликува. Сакам да ја информирам целата јавност дека во текот на вчерашниот ден, заканите и нападите по моето семејатво продолжија – напиша на ФБ кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, кој денеска бил и во просториите на ОЈО Прилеп каде

-Денес, речиси до 16ч бев во просториите на ОЈО Прилеп каде дадов изјава, доказни материјали, меѓу кои и тие од вчерашниот ден!

Ги повикувам СДСМ да престанат да ја замајуваат јавноста со моето непојавување на ТВ дебати. Стратегијата која што ја направиле со цел да ми го одвлекуваат вниманието и да ми го губат времето со тоа што по цели денови ќе поминувам во полиција,или ОЈО им е погрешна. И напротив уште повеќе ме мотивираат да работам и да победам!

Мојот став по однос на ова прашање е непроменет и така ќе остане се додека надлежните институции, раководени од кадри на СДСМ не ги преземат соодветните мерки кон насилниците.

Ако ова денес мене и на моето семејство би се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг!

И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17-ти Октомври. Во недела јас и моите прилепчани, заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа – напиша Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.