Борче Јовчески, градоначалник на град Прилеп на вчерашната трибина на тема земјоделие, а во рамки на активностите на „Ова е Македонија за сите” рече дека Прилеп е град на можности во кој има активности.
„Нашата одлука беше да ги слушнеме граѓаните и ги реализираме нивните идеи. Делуваме транспарентно и ни останува уште малку да реализираме од она што е предвидено за до крај на годинава. Наследивме голем долг и затоа побаравме општинска обврзница за да се реализираат предвидените проекти“, рече Јовчески.
Според градоначалникот граѓаните се задоволни затоа што се слуша нивниот глас и оти се работи транспарентно.
„Вративме 120 милиони денари долг и покажавме дека работиме домаќински. Прилеп е град меѓу првите десет општини кој е пример за домаќинско работење. Значи работиме и проекти, а враќаме и долгови“, рече градоначалникот.
Јовчески информираше и за тековните проекти.
„Почнавме градежна офанзива и со свои средства ќе се асфалтираме повеќе од 60 улици. Не постои училиште кое не е реновирано како внатрешните простории, така и спортските терени на отворено. Се одвојува многу и за културата и спортот, ни следи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински“, информираше Јовчески.