Почитувани сограѓани нема простор за паника, пожарот кај Прилепец е ставен под контрола – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на Фејсбук.
Јовчески кој се врати од службено патување во Шведска, упати огромна благодарност за воздушната поддршка од ер-тракторот, кој денеска којзнае колку пати го надлетуваше Прилеп и истураше вода врз зафатените со огнени јазици предели.
За среќа попладнево во Прилеп заврна и дожд, кој сите се надеваат дека конечно ќе го изгасне пожарот во Мариовскиот регион, што веќе седум дена пустоши се’ пред себе.