Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, оствари средба со претставници на иницијативата “ПрилепНаТочак”, млади луѓе кои 7 години вложуваат ентузијазам и енергија за подобрување на вело инфраструктурата и безбедноста на велосипедистите во Прилеп.
Дечките од иницијативата ПрилепНаТочак имаат подготвено целосен план и програма за развој на велосипедизмот и користењето на велосипедот, не само како алтернативно превозно средство, туку како секојдневна добра практика на луѓето.
– Денес, се сретнав со претставници на “Прилеп на точак”, неформална група граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Потпишавме меморандум за соработка, и го разгледавме нацрт планот за креирање и унапредување на условите за велосипедски сообраќај – напиша Јовчески на ФБ.