Јовчески ги израдува најмалите со новогодишни пакетчиња (Фото)

Во пресрет на претстојните празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ги посети основните училишта: „Рампо Левката“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“. Градоначалникот Јовчески на учениците и вработените во трите основни училишта им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

„Како градоначалник на учениците, на просветните работници и останатите вработени во основните училишта им ги честитам празниците кои претстојат, посакувајќи им многу здравје и среќа во годината што следи. На вработените им посакувам уште поголеми успеси и напредок во работатата затоа што со вашата посветеност придонесувате во правилно градење и развивање на нашите најмили“, истакна градоначалникот Јовчески.

Во текот на деновите кои следат планирано е градоначалникот Јовчески да ги посети останатите основни училишта во градот и населените места. Заради здравствена заштита и согласно протоколите, на дечињата кои шти ги посетуваат градинките на „Наша Иднина“ ќе им бидат поделени пакетчината од страна на нивните воспитувачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.